Напуштен, со згради кои пропаѓаат и налик на одамна заборавена воена зона, Гункањима е јапонски град кој се распаѓа и едно од најосамените места на светот. Гункањима е напуштен бетонски остров кој полека пропаѓа во близина на западниот брег на Јапонија. Неговото име значи „борбен брод“, а вистинското име на ова место е Хашима, и тоа едно од 505 ненаселени острови во Нагасаки. Името го добило бидејќи со својата архитектура навистина потсетувало на борбен брод.

И покрај тоа што е забранет за туристи, островот станал магнет за урбаните истражувачи кои доаѓаат на сите начини како би ги фотографирале и истражувале напуштените згради. Гункањима некогаш бил само мал остров, но по откривањето на јаглен под неговата површина бил претворен во рудник. Индустријализацијата на Јапонија довела до тоа работниците и нивните семејства да се преселат на островот и да го претворат во мала метропола. Островот бил населен во периодот од 1887 до 1974 година, а својот зенит го достигнал во 1959 година кога имал повеќе од 5000 жители. Меѓутоа, кога бензинот го заменил јагленот, јапонските рудници биле затворени, што довело до тоа семејствата на рударите да го напуштат островот во 1974 година.