Егзотичната и интересна Боливија крие и некои моше опасни места. Едно од нив е и таканаречениот „најопасен пат на светот“, Yungas Road, преку кој се стигнува од Амазон до Ла Паз. Патот е долг 69 километри и води преку и низ брдото до градот Короива. Бил изграден во 30-тите години на минатиот век. Се разбира, на овој пат со ширина до 3,2 метри нема да најдете заштитна ограда. Временските услови во дождливата шума се менувале многу често и проблемите можат да настанат и поради дождот, и поради многу густата магла. Доколку, пак, се возите позади некој, проблеми ќе ви прави прашината поради која тешко ќе го гледате патот.
Според локалното правило, предност на минување има возилото кое се движи нагоре, а другото возило мора за сопре покрај надворешната страна на патот и да го пропушти првото. За разлика од остатокот на Боливија, на овој пат се возело од левата страна. Се проценува дека секоја година на овој пат страдаат 200 до 300 лица. Патот е опасен за возење со моторно возило, но на крајот од минатиот век станал омилена дестинација за велосипедистите кое можат да уживаат во прекрасните кривини. Денес многу боливиски туристички агенции се ангажирале во овој облик на екстремен спорт.