Во јужна Шпанија во близина на градот Малага се наоѓа најопасната пешачка патека на светот, “El Caminito del Rey”.

Патеката е стара повеќе од 100 години, а на почетокот на 20. век била користена за транспорт на материјали до хидроелектраната која се наоѓа на едниот крај како и за надгледување на водните канали.

Оваа патека е широка еден метар и се наоѓа сто метри над реката. Оградата скоро и да ја нема, а на некои места недостасува и бетон од кој е изградена.

Иако секој чекор од три километри долгата патека претставува опасност, таа сепак привлекува голем број љубители на адреналинот кои ја занемаруваат забраната за движење по истата.