Од 22- ри до 26- ти јули на летната сцена од Центарот за култура „ Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи најновото издание на фестивалот „ ДримОН“. Во рамки на неколкуте фестивалски вечери, присутните ќе имаат можност да проследат работилници, изложби, филмски проекции, концерти. Ќе се одржи и петдневен Саем на книги и базар на уметнички производи.

Фестивалот е во организација на здружението „Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга“. Како што велат организаторите, фестивалот е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и културата во која лежи огромен потенцијал за подобрување на сеопштиот квалитет на живеење и основната цел е да се претстават „креативни производи“ кои се темелат на знаење, умешност, љубов, автентичност и корисност.

OhridNews