На големо задоволство на публиката, најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски “ ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, или како што вели тој, за тие што бегале од часовите по англиски “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, на 13 мај ќе има премиерно издание во Охрид во рамки на големата балканска турнеја која е во тек.
Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост.
Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето ново соло шоу “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” ја започна балканската турнеја-5 држави, 23 балкански градови.
На 11.05 шоуто ќе ја доживее својата премиера во Штип, а на 13.05 во Охрид во големата сала при Центарот за Култура.
Билетите на големото стендап шоу на Никола Тодороски “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” на 13 мај во Охрид се во продажба од 07.05. (понеделник) на касата на Центар за Култура од 10:00 до 20:00 часот.
Цената на билетот е 200 ден.
OhridNews