“Копилето од Истамбул“ од авторот Шафак Елиф, “Опасно блиску“ од Линвуд Баркли, “Да се сака повторно“ од Даниела Стил, “Само најсекси маж кој постои“ од Џули Џејмс,“Нека победи подобриот“, “Мојот личен фби агент“ од истиот автор,“Белгискиот лавиринт“ од Метјусон, се само дел од новите наслови кои од денес можат да се најдат во охридската библиотека.

Новите изданија се набавени во рамки на проектот „ Збогатување на книжниот фонд“ поддржан од министерството за култура.

Во библиотеката ќе можат да се набават и книгите “Москва на солзите не им верува“ од авторот Валентин Черних, “Крадачка на книги“ од Маркус Заусак, “Драги Џон од Николас Спаркс.

OhridNews