Операторите за електрични комуникации работат за да ги избегнат дефектите, но од канцеларијата за Национална океанска и атмосферска администрација велат дека некои врски со сателитите и глобално позициониот систем можат да се соочат со одредени проблеми.
„Три соларни олуји кои се случија пред неколку дена предизвикаа најсилни електромагнетни шокови кои вчера ги регистрираше сателитот за мерење на радијација неколку минути пред да ја допре земјата,“ изјавил Џозеф Кунчес, научник од Центарот за предвидување на вселенски временски прогнози во Колорадо.
Том Богдан, директорот на овој Центар изјавил дека Сонцето од период на затишје влегува во период на зголемена активност и затоа се зголемил бројот на ваквите ерупции кои се очекуваат во поголем број во следните три до пет години.
извор: Makfaks