Во првиот ред, веднаш до модната писта седеле Деби Хари, Серена Вилијамс, Адриан Грениер, Ники и Парис Хилтон и бројни други познати личности. Со прекрасната долна облека и провокативниот чекор манекенките измамиле воздишки и громогласен аплауз од публиката.


Овогодинешната ревија на Викторија Сикрет ја отворила Адриана Лима која со ангелските крила прошетала по пистата по прв пат откако пред една година ја роди ќерката Валентина. Прв пат учествувала на ревијата на Викторија Сикрет во 1998 година, а во ангелите влегла 2000 година.