Специјалната полиција на Франција во координиран напад ги елиминираше браќата Куaши, главните осомничени за крвавиот напад на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во Париз, во кој беа убиени 12 лица, а десетмина беа ранети. Браќата, инаку исламистички фундаменталисти, се криеја во печатница на триесетина километри од Париз, каде во заложништво држеа едно лице. Во нападот на полицијата тие се убиени, а заложникот ослободен.
Истовремено полицијата спроведе акција и во продавницата за еврејска храна во Париз, каде вооружен маж држеше под заложништво повеќе лица и бараше ослободување на двајцата браќа Куaши. Напаѓачот е убиен, а во заложничката криза загинале и четворица заложници, јавија француските медиуми. Сите биле убиени пред упадот на полицијата.
Полицијата упаѓа во супермаркетот со заложници во Париз
OhridNews