Едно лице е повредено од огнено оружје во инцидентот што се случи попладнево во спортска обложувалница во Струга. 53- годишно лице од струшкото село Велешта се здобило со повреди во градниот кош по што е пренесено во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентен центар во Скопје.
Настанот се случил во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Првично беше соопштено дека од засега непознати причини дошло до пукање во ходникот во близина на тоалетот, каде бил забележан е повредениот, а веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри. Oд извори на истрагата дознаваме дека повредениот не бил нападнат, туку се обидел да си го одземе животот.
Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на случајот.
OhridNews