Робин Порт е најнискиот полицаец во Велика Британија. Без оглед на својата висина од 153 сантиметри, во својот прв месец на работа успеал да изврши 17 апсења. сакал да работи како полицаец уште пред десет години, но не можел поради условот за минимална висина на полицајците која изнесувала 178 сантиметри. подоцна овој услов бил укинат, бидејќи било заклучено дека е дискриминирачки кон кинезите.
Робин Порт вели дека тоа што го нема во висината го има во силата, и планира да ги приведе сите криминалци со примена на боречки вештини. Смета дека самиот факт што бил примен во полицијата зборува колку е истата модернизирана.