Откако наполнил 18 години, Џунреј Балавинг од Филипини се запишал во Гинисовата книга како најнизок човек на светот. Ова момче има само 59,93 сантиметри и е најстарото од четирите деца на ковачот од Самбоанге дел Норте, село на филипинскиот остров Минданао. Тој ја презел титулата за најнизок човек од непалецот Кагендре Тапе Магара кој бил висок 66 сантиметри.


Откако неговиот татко се заблагодарил за поддршката, младиот филипинец дувајќи ги угаснал свеќите на тортата која била направена специјално за него, а потоа на насобраните им рекол дека многу се изморил. Поради нискиот раст Џунреј има многу проблеми. Не може долго да стои и во целост зависи од својата мајка. Може да се движи само со туѓа помош, а кога предолго стои добива силни болки.