Турчинката Хатиче Кочаман е официјално најниската жена на светот. Хатиче е висока само 71 сантиметар, и по непалецот Кагендру Тапа Магара, кој е висок 65,5 сантиметри е вториот најнизок човек на светот. Отсекогаш сонувала дека некој ќе ја забележи. Рекла дека бог ја створил таква и дека е горда на самата себе.
Има 21 година и надева дека наскоро ќе најде партнер, а желба и е да го запознае највисокиот човек на светот. Таа била повикана во Истанбул од страна на официјалните лица на гинисовата книга за да и ја врачат лиценцата за нејзиниот рекорд.