Фиц Грл е најниската мачка на светот, пишуваат странските медиуми. Мачката едвај има 15 сантиметри, и е речиси двојно пониска од просечните мачки. Нејзината сопственичка Тифани Кједергард била пресреќна кога нејзиниот миленик го ставиле во книгата на рекорди.


Раскажала како ја одвела на ветеринар каде и рекле дека никогаш не виделе толку ниска мачка. Ветеринарот додал дека ќе остане ниска цел живот. Тифани рекла дека ја размазила мачката и дека се мора да биде онака како што сака Фиц Грл.