На Вилма и Пол Касиди од Англија, кои се во вонбрачна заедница десетина години, венчавката им се претворила во најлошиот ден во животот, но сепак не сакале да се откажат и ја направиле својата врска официјална. На денот на венчавката момчето кое ги носело прстените добило напад и лекарите едвај му го спасиле животот.


Потоа мајката на Пол имала полесен инфаркт, а подоцна кумот бил известен дека починал неговиот татко. На крајот децата на младенците паднале, ги повредиле главите и завршиле во болница. Првата брачна ноќ ја поминале во болница, во која била сместена мајката на Пол, како и нивните две деца.