Француското село Алоувил-Белефос го краси најнеобичната капела на светот, таканаречената Капела на дабот, која буквално била направена внатре во најстарото дабово стебло во Франција. Дабот стар повеќе од 800 години, и самиот меѓу локалните жители бил сметан за чудо. Имено, кон крајот на 17 век стеблото било погодено од гром, кој во средината на стеблото направил голема дупка, но и покрај тоа гранките, листовите и плодовите продолжиле да растат. После тоа жителите кон стариот даб почнале да се однесуваат како кон светилиште, па многу верници го посетувале селото само за да го видат дрвото.
Набрзо потоа во стеблото биле изградени скали кои воделе во неколку мали простории, за подоцна да се изгради и капела посветена на Дева Марија, која многу Христијани од околината ја посетувале секоја година на празникот Голема Богородица. Иако оваа капела е прекрасна, стареењето на дабот претставувал голем проблем, па неодамна била поставени потпорни столбови кои го придржуваат стеблото, а биле додадени и дрвени парчиња како би се пополнила кората која почнала да пука. Дабот и капелата биле под државна заштита, и се сметале за национално богатство.