Најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески и целосно е изработен од домашни компоненти, се наведува во студијата објавена деновиве.
Ова е првпат Кина да го заземе првото место на листата ТOP500, без воопшто да користи американска технологија. Суперкомпјутерот „Sunway Taihu Light“ е двојно побрз од претходно најбрзиот уред на планетава, кој користеше чипови на американскиот производител „Intel“.
Првпат, исто така, од воведувањето на листата ТОP500 Кина има повеќе суперкомпјутери – 167, отколку САД – 165. Станува збор за листа којашто двапати годишно ја објавуваат научниците од националната лабораторија „Lawrence Berkeley“ и универзитетот во Тенеси, во САД.
Суперкомпјутерот Sunway Taihu Light, кој се наоѓа во кинескиот град Вукси, ќе се користи во изработката на модели за истражување на климата.
Од десетте најбрзи суперкомпјутери во светот, два се кинески, а четири се во САД. Останатите суперкомпјутери се во Јапонија, Германија, Швајцарија и Саудиска Арабија.
OhridNews
Извор:„Макфакс“