Како што јавува „Макфакс“, најголеми губитници се „Сексот и градот 2“ со три малини, филмот “Last Airbender” кој доби пет малини и Џесика Алба која доби малини за дури четири филмови.
„Сексот и градот 2“ доби малини за најлошо сценарио, најлошо филмско продолжение, како и награда за најлоша главна улога, која ја делат четирите актерки.
„Филмот е пуштен во сред светската криза додека сите се борат да не останат без своите домови, а тие четири се глупираат по Блискиот Исток, возат скапи автомобили и се расфрлаат со пари како да се пијани“, изјави Џон Вилсон, основач на наградите.
Ештон Качер е прогласен за најлош актер за улогата во филмот „Ден на заљубените“ додека Џесика Алба, освен за тој филм, е прогласена за најлоша споредна актерка и за “Little Fockers”, “The Killer Inside Me” и “Machete”.
Филмот со најмногу малини, “The Last Airbender”, кој заработи повеќе од 300 милиони долари во кино салите, е прогласен за најлош 3D филм, и има најлоша фотографија, најлош режисер, најлошо сценарио и најлоша споредна актерка.
Актерот Џек Ретбон, доби Златна малина за најлоша споредна улога и тоа за филмот „Самрак Сага: Помрачување“
извор:„Макфакс“