Виното, ќе се сложат многумина, е неверојатен пијалок. Често се пие во фини и луксузни ресторани, како и во скремните студентски соби. Институтот за вино од Калифорнија следи бројни статистики поврзани со овој пијалок, вклучувајќи ја и неговата потрошувачка ширум светот. Последната карта која ја објавиле се темели на податоци од 2012 година.
Меѓу највисоко позиционираните земји се воглавно европските, а Ватикан е сигурен на лидерското место со речиси 74 испиени литри по жител. Гардијан се обидел да свати зошто во малиот Ватикан се пие толку многу повеќе отколку во остатокот на светот, но во овој момент природата на врската помеѓу Ватикан и виното останува мистерија.