Преку детски игри, песнички и музика дечињата од детската градика „Росица“ се дружеа и забавуваа во рамки на мултикултурната манифестација која се одржа денеска напладне на Малиот плоштад во Охрид, во организација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Овој настан е дел од проектoт „Почит кон различностите и мултикултурализмот“ кој се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, Британска Амбасада, Центарот за човекови права, Локалната Самоуправа и Градоначалникот на општина Охрид.
Во рамки на манифестацијата дечињата прикажаа повеќе активности и точки кои се подготвени во рамки на овој проект.
OhridNews