Во рамките на  работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, денес, за децата од централната детска градинка „Јасна Ристеска“ организира прошетка со панорамскиот автобус.

Покрај панорамското разгледување на Охрид, оваа активност има едукативен карактер и има за цел поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната инфраструктура во градот, информирање за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите  за подигнување на безбедносната култура.

          OhridNews