Денеска во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се оддржаа спортските игри за децата од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ објект „Лихнида“, како дел од светската „Недела на движењето“.

Како што потенцира в.д директорот на ЈП „Билјанини Извори“ Иван Цветкоски, целта на настанот е да се промовира спортот и физичката активност како здрав начин на живот.

Се вклучуваме во еден голем проект на ЕУ во кој се опфатени околу 30 држави. Со задоволство можам да кажам дека и Македонија е вклучена во светската „Недела на движењето“, а со тоа и Охрид. Со оглед на тоа  што овој прект е предвиден да трае до 2020-та година, се надеваме дека во наредните години ќе настапиме поамбициозно и поорганизирано, со многу поинвентивни спортски активности.“ – потенцира Цветкоски.

Во оваа светска „Недела на движењето“ се опфатени најмладите категории деца од градинките и основните училишта, а како што истакнува Цветкоски, за во иднина се предвидени уште многу вакви и слични активности.

Утре сме во ОУ „Григор Прличев“, а таму ќе бидат организирани игри без граници. Во сабота е предвиден Aerobic Open Day кој ќе се оддржи во спортската сала „Билјанини Извори„ со почеток од 20 часот. Сакам да ги потсетам сите граѓани на Охрид кои што сакаат да вежбаат аеробик да не посетат, затоа што има неколку врсти кои ќе бидат промовирани. Убеден сум дека ќе имам многу вакви активности и во иднина, а инструкторите кои ги ангажиравме се спремни да одговорат на предизвикот.“ – истакна Цветкоски.

Организатор на настанот е Ј.П. „Билјанини Извори„ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт, додека покровители се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCA со седиште во Копенхаген. Помагатели на настанот се Федерацијата на училишен спорт и Факултетот за физичка култура.

OhridNews