Викендов, ученици од христијанска вероисповед ја посетија џамијата во селото Радолишта, со цел подобро да се запознаат со исламската вера. Од досегашната реализација на проектот се задоволни и учениците и самите организатори.
Претходно, децата од муслиманска вероисповед посетија дел од црквите во општина Вевчани и имаа можност да ги слушнат предавањата на свештените лица за православието како религија.
Идејата за реализирањето на овој проект е да се придонесе во подобрувањето на меѓуетничките односи во Струга.