По повод патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечена приредба на која најмладите охриѓанчиња ја презентираа целата своја креативност. Разиграните балерини, пингвинчиња и други јунаци од популарните приказни и цртани филмови ги наполнија срцата на родителите и присутните на свеченоста со која беше одбележан патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“.



Најмладите го разубавија патрониот празник на Централната градинка

фото: Емилио