Најмладите во детските градинки и учениците во основните и средните училишта во градот ќе учествуваат во низа активности иницирани од страна на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата со цел зголемување на нивната сообраќајна култура.

Како што стои во годишната програма на советот, кон крајот на декември, во соработка со ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ предвидена е изградба на сообраќаен полигон во еден од објектите на градинката. Советот иницира и организирање на приредби заради зголемување на сообраќајната култура кај децата од градинките. Преку заедничко дружење и едукација за сообраќајните знаци, велосипедисти, опрема и слично, целта е  да се влијае врз стекнување на основни знаења кај најмладите.

Со предавања за сообраќајните знаци и техниката на управување со велосипед со помошен мотор и мопед ќе се зголемува и сообраќајната култура кај основците и средношколците.

OhridNews