Бразилецот Луан Да Силва има шест години и е најмладиот падобранец во светот. Има специјален падобран со тегови за да не го оддува ветрот. ужива да скока од песочни дини. Скока од својата трета година и вели дека летањето му е многу забавно.


Луан и неговата 10-годишна сестра Жаде редовно се креваат во воздухот до 20 метри височина, додека пак, нивните родители ги набљудуваат. Бидејќи обата родители им се инструктори по падобранство, учењето на децата било неминовно. Таткото изјавил дека поопасно е да се вози автомобил отколку да се скока со падобран.