Дваесетидвегодишната Кејти Споц од Ментор, Охајо, станала најмладата жена на светот која сама го превеслала Атлантикот. Патувањето траело повеќе од два месеци. Со себе носела само околу 300 чоколади, стотина аудио книги  и четири Ај Поди.


Додека тренирала за прекуатлантското патување, минала 100 часа медитирајќи, за подобро да ги поднесе десетте часа веслање дневно, без друштво. Најтешки и биле спиењето во тесен простор и борбата против несоницата. Патувањето го започнала од Дакар, Сенегал, а стигнала после околу два месеци во Џорџтаун во Гвинеја.