Кога за неколку дена ќе ја добие дипломата од медицинскиот факултет, Рејчел Феј од Манчестер официјално ќе постане најмладиот лекар во Англија, бидејќи дипломирала на шест дена пред да наполни 22 години. Тоа и успеало бидејќи средното училиште го завршила само за две години. Била премногу талентиран ученик, и за неа направиле исклучок, бидејќи во Англија не може да се запише медицински факултет без полни 18 години.
Две години претходно волонтирала во една болница, за да може што поспремна да се запише на студиите. Во целата приказна најлесно и било учењето, со кое немала никакви проблеми. Најтешко и било како малолетна да добие сместување во студентскиот дом, како и да потпише договор за користење мобилен телефон.