Еден германски брачен пар најмил спасител во австриските Алпи за да ја пронајде плишаната жаба која им паднала од 2000 метри висина. Осумчасовната потрага по плишаната играчка ги чинела Дорис и Јурген Белман 425 евра. но, парот од околината на Минхен бил спремен ја плати било која цена на личноста која ќе им ја врати зелената играчка, која им била своевидна амајлија за среќа.

Спасителот Маркус Флишман раскажал дека немал некоја попаметна работа, а бидејќи не било многу опасно се согласил. Дорис раскажала дека минатиот месец го фотографирала својот сопруг и нивната плишана жаба на 2192 метри високиот врв Хинтерен Гоингер Халт во австриската покраина Тирол. Потоа нејзиниот сопруг се подлизнал и успеал да се врати назад, но жабата паднала во бездната. Ја барале два дена, но на крајот морале да се помират со судбината и да се вратат дома тажни.