Најмалото куче на светот добило име по една од најпознатите пејачки, Бијонсе. Спасителите од Калифорнија велат дека кучето непосредно по раѓањето можело да застане во лажица, а со две седмици, тоа е со големина на кредитна картичка и помало од мобилен телефон. Кучето се родило на 8 март од една кучка јазовичар која била пронајдена во округот Елдорадо од активистите на фондацијата „Грејс“.
Освен Бијонсе, тогаш се родиле уште четири кучиња, а кога дошла на свет Бијонсе не дишела. Потоа ветеринарите ја оживеале со притискање на градниот кош. Претставниците на фондацијата „Грејс“ велат дека кучето е добро и дека ќе биде спремно за посвојување за две седмици. Освен тоа, била поднесена кандидатура до Гинисовата книга на рекорди за најмало куче на светот.