The Sol Cinema е најмалото кино на светот кое ја користи соларната енергија за прикажување на кратки филмови. Со оглед на тоа што е на тркала, ова зелено кино патува насекаде по Велика Британија кога не прикажува филмови во покраината Кент. Ова најмало кино е направено од камп-приколка од 1960 година.


Филмовите се прикажуваат на ЛЕД проектори на публика од осум до дванаесет луѓе, а можни се и проекции на отворено за поголема публика. Исто така картите за кино претставите се бесплатни, бидејќи се работи за проект на непрофитна организација.

The Sol Cinema е иновативна идеја која се обидува да ја подигне свеста за соларната енергија и во исто време ќе прикажува филмови кои ќе ја забавуваат публиката и нешто ќе ја научат.