Една група ентузијасти од Велика Британија го изработила најмалото мобилно кино кое работи исклучиво на соларна енергија. Во минијатурното кино можат да се сместат до осум возрасни лица. Пол ОКонор, еден од креаторите на киното изјавил дека иако во Велика Британија нема многу сончеви денови, сепак целата опрема успева да работи на соларна енергија.


Киното е сместено во мала камп приколка во која филмовите се следат на ЛЕД проектор. Најмногу гледаат документарни филмови за околината и никогаш не прикажуваат филмови кои го поттикнуваат насилството.