Една кокошка во едно село на истокот на Кина снесла јајце со големина од само 1,3 сантиметри. Чаи Јуехуа рекла дека работела во градината кога нејзината ќерка отишла до неа и ја запрашала дали тоа е јајце. Таа била во шок кога видела дека навистина станува збор за минијатурно јајце.
Како што е редот, соседите веднаш дошле да видат за што станува збор. Се воспоставило дека обичните јајца во просек се долги околу 4 и широки околу 3 сантиметри. Но овој примерок имал вчудоневидувачки мали димензии со ширина од 1,3 и ширина од само 1 сантиметар. Пред ова најмалото јајце на светот било долго 2,1 сантиметар.