Во железничка несреќа што се случила недалеку од Сиетл, воз излетал од надвозник, при што има извештаи за мртви и повредени лица. Најмалку 77 лица биле транспортирани во болница. Возот на американската железничка компанија „Амтрак“ излетал од надвозник, јужно од Сиетл и завршил на автопат.

Според информациите од локалните власти, има жртви и повредени. Медиуми од Сиетл соопштија дека досега е потврдено дека најмалку шест лица загинале во оваа несреќа. Поради незгодата, сите патишта се блокирани на автопатот кон Вашингтон. На социјалните мрежи веќе се појавија слики од излетаниот воз, а до возачите се апелира да ја избегнуваат оваа област. Возот наводно се движел со 130 километри на час, а во него имали најмалку 75 патници.