Најмалку пет лица загинаа во невремето кое што ги погоди централните делови на Европа. Според агенциите, невремето зеде по две жртви во Полска и во Чешка, а загина и едно лице во Германија. Тие настрадале од дрва кои паднале врз нив, пренесува „Макфкс“.
Силнот ветер предизвика прекин на електричната енергија и сообраќајот, како и застој на железничкиот и патниот сообраќај на неколку патни правци во Чешка. Неколку реки на северот на земјата достигнале алармантно ниво на водата, а стотина илјади домаќинства останале без струја.
Во Полска, околу 200.000 домаќинства се без електрична енергија. Во Австрија, поради невремето е откажан слаломот во рамките на Светскиот куп на скијање, а во Германија поплавени се делови на Хамбург.
OhridNews