Непознат маж, кој тврдел дека ѝ припаѓа на Исламска држава, зел најмалку еден човек за заложник во супермаркет во југозападна Франција. Како што пренесуваат дел од француските медиуми, заложничката драма завршила, но нема детали за напаѓачот ниту за други жртви. Според некои француски медиуми, напаѓачот се уште се наоѓа во маркетот со еден полицаец, кој најверојатно се обидува да го разубеди да ѝ се предаде на полицијата.
Претходно, застрелан бил полицаец во близина на инцидентот во супермаркетот, додека трчал со неговите колеги, но не бил сериозно повреден. Останува нејасно дали тој случај е поврзан со заложничката драма.
Обвинителството, надлежно за тероризам покренало истрага, а премиерот Едуард Филип рекол дека ситуацијата на југот на Франција е многу сериозна.