Две лица загинале, а најмалку петнаесет се повредени во пожар кој избувнал денес во раните утрински часови во болница во градот Бохум на запад од Германија.

Пожарот избувнал во една од собите на универзитетската клиника Берманшеил по 2 часот утрото и брзо се проширил. Очевидци велат дека покривот на болницата бил целосно уништен, дека стаклените предмети и мебелот се топеле од високата температурата.

Околу 200 пожарникари се борат со огнот, а испратена се и засилувања од регионот, Причината за пожарот не е објаснета, а болницата со 650 кревети е една од најголемите од регионот.

OhridNews
извор Макфакс