Најмалку девет луѓе загинаа, а 23 се повредени во ударот на ураганот Ирма на француските Карипски острови, соопштија француските власти. Според нив, бројката на жртви, најверојатно, ќе се зголемува бидејќи спасувачките служби сѐ уште не може да стигнат до најзагрозените подрачја. Според очевидци, речиси сите куќи на островите се разурнати, а надојдената вода ги поплавила улиците толку многу што се гледаат само покривите на автомобилите.
Ударите на ветриштата во одреден момент достигнале брзина од 360 километри на час. Сѐ уште не јасно во кој правец ќе продолжи ураганот и дали ќе ја погоди источна или западна Флорида, каде што веќе е прогласена вонредна состојба.
Наредена е евакуација на населението од островот Ки Вест, на крајниот југ на Флорида, а за помош се пријавени над четири илјади волонтери.
OhridNews
Макфакс