Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се повредени при судар на два регионални воза во Италија. До инцидентот дошло во близина на регионалниот центар Бари, на југот од земјата. Во инцидентот учествувале два воза со по четири вагони, а жртвите патувале во првите вагони на двата воза. „Мислам дека има многу мртви“, вели Рикардо Зингаро, полицаец од локалната полиција.
Двата први вагона од возовите се многу оштетени во сударот, а сѐ уште се извлекуваат луѓе од вагоните. Извлечено е и едно дете кое е однесено во најблиската болница со хеликоптер. Во возовите патувале многу локални жители и студенти. Пред новинарите, премиерот Матео Ренци ја изрази својата загриженост и им изрази сочувство на семејствата на жртвите.
„Нема да сопреме додека не дознаеме како се случи ова“, додаде Ренци.
OhridNews
извор Макфакс