Продолжуваат немирите во јужниот дел на Киргистан,  во кои до сега загинаа најмалку 80 луѓе, а повеќе од 1.000 се повредени, пренесува Макфакс. Поголем дел од градот Ош, каде живеат 5,2 милиони жители, е запален, продавниците се ограбени. Повеќе илјади Узбеци веќе побарале засолниште во соседен Узбекистан.


Киргистанската привремена влада ги мобилизираше сите војници од резервниот состав,во обид да се спречат судирите  меѓу Киргизите и узбечкото малцинство југот на земјата, соопшти локалното министерство за одбрана. На полициските сили вчеара им беше одобрено да пукаат без предупредување, за да го смират насилството кое ексалираше пред неколку денови.

Од бунтот во април, кога загинаа 87 луѓе и од власт беше симнат претседателот Курманбек Бакијев, Киргистан го потресоа неколку бранови насилство.

OhridNews