Најмалку 717 муслимански верници загинаа во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, на пет километри од Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија, пренесува „Утрински“. 

Најголемиот број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.

Телевизијата Ал Џезира јави дека инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времените кампови каде во над 160.000 шатори се сместени аџиите.

Според првичните информации, шомеѓу загинатите и повредените нема аџии од Македонија.

 

Исламската верска заедница во Македонија соопштеи дека од Република Македонија на аџилак оваа година има 1.500 аџии.

OhridNews