Најблиску до епицентарот на земјотресот, што бил почуствуван во цела Индокина, се градовите Тарлај, Мине Лин и Тахилек. Во овие градови урнати се 130 куќи или станбени згради, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем.
Американскиот институт за геофизика објави дека епицентарот на земјотресот бил на границата помеѓу Тајланд и Лаос, на стотина километри од тајландскиот град Чаинг Раи, а потресот бил на длабочина од 10 километри.
извор: Makfaks