Експлозијата, за којашто одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (IS), на суфиски универзитет во југозападниот пакистански град Квета во покраината Белуџистан усмрти најмалку 52 лица, а ранети се повеќе од стотина, покажуваат новите податоци на локалните власти.

Бомбата експлодирала меѓу мноштво верници во текот на обред во храмот на Шах Нурани, верски челник на суфизмот, мистична гранка во исламот кои некои радикални исламски групи, меѓу кои и талибаните, ја сметаат за ерес. Меѓу загинатите има жени и деца. Повредените се превезуваат во болниците во мегалополисот Карачи, на 250 километри од местото на нападот. Владата испратила 25 амбулантни возила, а во помош е повикана и војската за помагање во операцијата за спасување. Спасувачите се соочуваат со сериозни проблеми, бидејќи местото на експлозијата се наоѓа во тешко достапна ридеста област и во близината нема медицински објекти.

Експлозијата се случила додека стотици луѓе биле во мавзолејот. Уште не е јасно дали нападот го извел бомбаш самоубиец или е изведен со помош на експлозивна направа. Во меѓувреме, Исламската држава преку својата ткн новинска агенција ја презема одговорноста за нападот. Исламската држава ја презема одговорноста и за последниот голем напад во покраината Белуџистан, врз полициската академија во октомври, кога беа убиени 60 луѓе.

Мавзолејот се наоѓа во покраината Белуџистан, 100 километри северно од Карачи. Во оваа покраина се изведени некои од најкрвавите напади на милитантите оваа година во Пакистан. Во Балучистан кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност. Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак најсиромашна, летово повторно се разгорува насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.

OhridNews
извор Макфакс