Најмалку 50 лица ги загубија животите во кататстрофалниот земјотрес што утрово околу 3.30 часот часот ја зафати областа Абруцо во централна Италија, пренесува CNN. Се стравува дека оваа бројка не е конечна бидејќи спасувачките екипи сеуште трагаат по исчезнатите лица под урнатините, а голем број тешко повредени се наоѓаат во болниците.
Според првичните неофицијални информации што ги има Амбасадата на Македонија во Рим, во земјотресот животот го загубиле четворица македонски државјани, од кои две деца.
Според неофицијалните информации на македонската Амбасадата во Рим, животот го загубиле 44-годишниот Рефик Асани, Османи Валдона (13) и Зејнула Алејна (11). Името на четвртиот загинат македонски државјанин засега не е познато.
Во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, речиси целосно е разурната областа Абруцо, а италијанската влада прогласи вонредна состојба.