Авионот на компанијата „РусЕр“ со 52 патника и членови на екипажот се урнал при обидот да слета во услови на густа магла на аеродромот „Весовец“, крај градот Петрозаводск, во рускиот регион Карелија:. Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на очевидци, авионот удри на земјата се преполовил и се запалил.
Осум луѓе ја преживеале несреќата од кои шест, меѓу кои еден маж и 10-годишно дете се во критична состојба, ќе бидат итно транспортирани во Москва.
Авионот сообраќал на линија меѓу Москва и Петрозаводск, и според првичните информации на руското министерство за вонредни ситуации, најголемиот број патници биле Руси.
Исто така, претставници на министерството потврдиле дека на местото од несреќата биле пронајдени двете црни кутии од урнатиот авион.
извор: „Макфакс
фото:Ројтерс