Тешката несреќата на возот „Невски експрес“, во која загинаа најмалку 30 лица, е причинета од терористички акт, соопшти денеска шефот на руските железници Владимир Јакунин на седница на владина комисија, јави МИА.

Според податоците, добиени од оперативно-истражувачката грипа, основната верзија на истрагата е избувнување на неутврдени експлозивно средство од страна на непознати лица, односно станува збор за терористички акт, изјави Јакунин.


Форензичарите откриле експлозивна бездна, чие присутво ја потврдува верзијата за активирано експлозивно средство под возот, изјавил претставник на истражната група за Итар тасс. – Засега не може да се каже каков бил видот и моќноста на бомбата. Тоа ќе може да се утврди дури по специјална експертиза, додал тој.

Соработници на милицијата заедно со свои колеги од други органи се во потрага по лицата кои стојат зад нападот. Тие ги испитуваат жителите од околните населени места, трговци и таксисти. Се проверуваат телефонските повици од реонот.

Иследниците претпоставуваат дека нападот бил внимателно планиран и подготвуван најмалку еден месец. – Местото на несреќата е меѓу шума, а најблиските населени места се оддалечени на еден километар, што зборува за внимателно подготвен план, рекол истиот извор.

Шефот на железниците соопшти дека движењето по железничката линија ќе биде обновено веднаш откако иследниците ќе ја завршат работата. Во моментот возовите се движат по други маршрути, што доведува до доцнење од четири до шест часа.

Најмалку 30 лица загинаа, а 60 се повредени во експлозијата во возот „Невски експрес“, кој се движел на релација Москва – Санкт Петербург, изјави официјалниот претставник на руското обвинителство Марина Гриднева.

Од централата на компанијата во Москва соопштија дека меѓу патниците во возот можеби имало најмлаку тројца странци – двајца Финци и еден Италијанец. Во Хелсинки Министерството за здравство потврди дека во списокот со патници фигурираат двајца со фински имиња. Во моментот информацијата се проверува. Според руски медиуми, во болница во Бологое меѓу ранетите патници имало и еден Италијанец.

Спасувачките операции продолжуваат. Пристигнати се хеликоптери на Министерството за вонредни ситуации, кои ќе евакуираат повредени во болници во Санкт Петербург.

Рускиот премиер Владимир Путин нареди да се формира комисија за отстранување на последиците од несреќата на „Невски експрес“, на чело со вицепремиерот Виктор Зубков.

Државното обвинителство на Русија покрена денеска кривична истрага поради сомневање дека терористи се одговорни за нападот на експресниот воз „Невски експрес“.

Возот со 661 патник се движел од Москва за Санкт Петербург, а несреќата се случила доцна синоќа кога четири вагони излетале од шините кај селото Угловик, на околу 350 километри северно од Москва.

Член на Движењето против илегалната имиграција рано утринава ја презеде одговорноста за експлозијата во возот Москва-Санкт Петербург од името на националистичката група Комбат 18, објави електронското издание на Газета.ру.

Ние, воената автономна група Комбат 18, ја преземеме одговорноста за експлозијата во „Невски експрес“. Ќе продолжиме! Времето дојде. Изјавуваме дека војната ќе го засегне секој, во таа војна нема такви што не учествуваат и нема невини жртви, има само наши приврзаници и наши непријатели, изјави претствникот на групата во свој блог.

Не е јасно дали изјавата е навистината на групата, се вели во информацијата на Газета.ру. Пред извесно време на Интернет страници се појави сооппштение на истата група за експлозивно средство, откриено во метрото во Санкт Петербург на 14 ноември.

Комбат 18 е реално постоечка крајнодесничарска група, чии членови неодамна беа интервјуирани од дописници на руското идание на „Њузвик“, додава Газета ру.

Во август 2007 година, експресниот воз на линија Москва – Санкт Петербург, излета од шините во областа Новгород, при што се повредени 60 луѓе. Одговорноста за нападот ја презедоа чеченски бунтовници