Во експлозија којашто одекна ноќта кон саботата во еден од најпопуларните ноќни клубови во центарот на романската престолнина Букурешт, загинаа најмалку 26 луѓе, а речиси 150 се ренети и пренесени во болниците, јавуваат локалните медиуми.
Состојбата на 25 хоспитализирани се оценува како критична. Државниот секретар во министерството за здравство на Романија, Раед Арафат, искажа стравување дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.
Во петокот вечерта во клубот „Colectiv“ се одржувал бесплатен концерт на „металците“ Goodbye to Gravity, на кој присуствувале повеќе стотини луѓе. Според првичните сознанија, експлозијата одекнала по употребата на пиротехниката, а потоа избувнал пожар. Според сведоците, масата посетители во паника се втурнала кон главниот излез, едиинствен кој бил во функција, по што настанало стампедо, пренесува порталот ЕVZ.
„Ова е ужасна трагедија, најмалку 25 луѓе загинаа“, изјави министерот за внатрешни работи Габриел Опреа. Додаде дека на местото на трагедијата се присутни 11 противпожарни екипи , и 28 тимови на итната медицинска помош.
OhridNews
Извор: „Макфакс“