Деветнаесет лица загинале, а три се повредени и хоспитализирани во несреќата од ноќта кон саботата на хеликоптер од типот „Ми-8“ во северозападен Сибир, јавува „Макфакс“.
Хеликоптерот доцна синоќа со 22 патници и членови на екипажот се урнал недалеку селото Нов Уренгој најверојатно при обид за принудно слетување, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација. Според првичните сознанија 19-те жртви настрадале на самото место од многубројните повреди.
Хеликоптерот летал од сибирскиот регион Краснојарск во градот Уренгој, во регионот Јамало-Немеци,
Иследниците засега не исклучуваат ниедна од верзиите за падот, како кршење на прописите за безбедноста на летањето, механички проблем или лошите метеоролошки услови.
OhridNews
извор: „Макфакс“