Најмалку 158 лица загинаа во авионската несреќа на компанијата „Аир Индиа Еџпресс“ кој се урна рано изутрина при слетување на аеродромот во индискиот град Мангалор.

Според првичните информации само осум лица се преживеани.

Авионот на „Аир Индиа Еџспресс“  со кој патувале 166 патници и шест членови на екипажот на летот од Дубаи, при слетувањето не успеал да атерира на пистата поради влажност од поројните дождови.

Авионот ја одминал пистата и се урнал во шумата недалеку од аеродромот по што се преполовил и запалил.

И покрај обидите на пожарникарните служби да го изгасат пожарот на авионот, само осуммина успеале да преживеат, но се наоѓаат во животна опасност.

Индиските медиуми се уште не потврдија за каков тип на авион станува збор но се претпоставува дека е во прашање Боинг 737- 800.

Поголемиот дел од патниците биле Индијци кои работат во земјите на Заливот.

„Аир Индиа Еџпресс“ е нискобуџетен огранок на нациналниот индиски авиопревозник  Аир Индиа.

Компанијата е формирана  пред пет години и ова и е прва авионска несреќа.

OhridNews
извор: Макфакс