Најмалку 12 лица загинаа, а 25 се повредени кога автобус вчера попладнето излетал од патот и паднал во амбис во близина на албанскиот приморски град Химаре, 220 километри јужно од Тирана, пренесува „Макфакс“.

Во автобусот имало околу 50 студенти од Универзитетот „Александар Џувани“ од Елбасан, кои оделе на тридневен одмор во Саранда.

На местото на несреќата пристигнале голем број полицајци, медицински екипи и пожарникари, а во акцијата за извлекување на жртвите се вклучени и два хеликоптера од албанското Министерство за здравство.

Причините за несреќата се утврдуваат.

OhridNews
извор:„Макфакс“
фото: Chron.com